Музичкиот портал Музика24 од свои сигурни извори дознава дека македонската поп пејачка Елена Петреска – Толевска е бремена. Таа пред само некој ден вршејќи тест за бременост во една позната приватна болница, дознала дека тестот е позитивен и дека носи бебе.
Дознаваме дека таа во тој момент била пресреќна и дека информацијата ја споделила со својот сопруг Андреј. Музика24 на Елена и нејзиното семејство им честита и им посакува се најдобро и секако со лесно нека поминат следните 9 месеци.
Подготви: Виолета Трајковска
