Балканленд

“Пивофест” по 11-ти пат во градот под Марковите кули – Прилеп

Уште неполна недела не дели од стартувањето на 11-то издание на најпознатата музичко-забавна манифестација “Пивофест”. Градот домаќин, градот под Марковите кули – Прилеп и оваа година подготвено ќе ги пречека сите оние кои сакаат, имаат желба и ќе бидат дел од забавата на отворено со многубројните овогодишни познати музички гости. Од општината Прилеп велат дека освен вкусната прилепска скара, пивото… секако дека посетителите и оваа година, како и изминатите претходно, ќе имаат одлична можност за бесплатна забава.

Оваа година на сцената на градскиот плоштад “Методија Антонов – Ченто” на 18-ти како први на сцената и посебна чест да го означат стартувањето на овогодинешното пиво-славење се нашите нашите најпознати поп пејачи: Зафир Хаџиманов, Маја Оџаклиевска, Драган Мијалковски, Вера Јанковиќ и Дани Димитровска, додека како шлаг на оваа прва вечер се секако светски познатите 2Cellos кои на сцената ќе отсвират познати светски композиции, а не е ни чудо да слушнеме и некоја наша македонска во нивна изведба.

Втората вечер 19-ти јули е предвидена за нешто сосема друго, оваа вечер ќе ја отвори Давид Нешкоски Трио познат музичар од Македонија, односно од Прилеп, а веднаш по него нa сцената ќе се појават членовите на француската етно-фолк група “Santa Macairo Orkestar” кои искрено веруваме дека со својата музика ем ќе ве расположи ем ќе ве размрда, веднаш потоа незаборавниот и посакуван Владо Ѓоргиев кој со своите песни и балади ќе ви ги разнежни срцата, а како за крај на втората вечер на “Пивофест” ќе се појави познатата пејачка од Романија Ина која што со својата музика ќе го затвори второ вечерното дружење на пивскиот фестивал.

Но тука не завршува забавата, трета вечер која што е резервирана за фолк музиката ќе ја отвори нашиот најпознат фолкер Миле Кузмановски, за веднаш потоа на сцената да се појави Соња Тарчуловска. Данијела Мартиновиќ ќе биде следната музичка ѕвезда која ќе се појави пред публиката и која со своите старо-нови хитови ќе ја расположи и распее истата, а ѕвезда на оваа вечер ќе се појави познатиот балкански пејач Халид Бешлиќ кој веруваме дека ако не сите 90% од вас го познавате од невота далеку позната “Мијацка”. Четвртата и последна вечер на овогодинешното пиво-фест издание ќе изобилува исто така со разнолика музика, а како посебна чест да го затвори овогодинешното издание на “Пивофест” на Горан Бреговиќ и неговиот познат оркестар за свадби и погреби.

Почитувани, музичкиот портал Музика24 како еден од медиумските покровители на “Пивофест” оваа година, секојдневно ќе ве информира за случувањата, пред, за време и по музичките случувања кои што ќе се случуваат во текот на овие четири дена. Не заборавајте “Пивофест” – од 18-ти до 21-ви јули, Прилеп – Македонија, бидете таму!

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: