24 Ексклузивно

Ексклузивно: Елена Илијади на “Охрид фест 2014”

Специјализираниот македонски музички портал Музика24 дознава дека познатата грчка пејачка Елена Илијади ќе гостува на овогодинешното 21-во издание на најпознатиот балкански музички фестивал “Охрид фест”, кој оваа година ќе се одржи од 20-ти до 23-ти август на минатогодинешната локација, односно, на охридската ревиера кај Објектив.

И оваа година како многуте наназад, ќе се одржат четири вечери исполнети со многу музика, дружење, награди, а новитет оваа година е одржувањето на дебитатнската вечер која сеуште не е официјализирана, но, секако Музика24 ќе Ве информира за она што е ново со овој наш македонски познат музички бренд. Специјализираниот македонски музички портал Музика24 и оваа година, исто како и минатата, е медиумски покровител на овогодининешното издание на “Охрид фест”.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: