Светски познатиот Џастин Бибер неодамна се пошегувал со градоначалникот на Торонто, Роб Форд. Тие двајцата на денот на Свети Патрик се сретнале во еден ноќен клуб каде Џастин му пристапил на градоначалникот Форд и го запрашал дали вечерта со себе носи дрога за да ја поделат. Тој пак, видно вознемирен од реакцијата и прашањето на пејачот, го напуштил клубот. Инаку, во неколку наврати во минатото, самиот градоначалник има изјавено дека е зависен од дрога и дека по се изгледа во скоро време ќе започне да се лекува. Па не е ни чудо што Бибер на ваков начин се пошегувал со него.
Подготви: Влад Петров
