24 Ексклузивно

Ексклузивно: Предновогодишно Цеца со концерт во Скопје (Фото)

Специјализираниот македонски музички портал Музика24 како и секогаш досега, така и овој пат, прв дознава и Ве информира дека познатата српска и балканска фолк пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ, која во моментов е актуелна како претседател на жирито во музичкото тв шоу “Пинкове ѕвезде”, доаѓа предновогодишно во Скопје. Познатата пејачка свој голем концерт ќе одржи во “Борис Трајковски” на 27-ми декември (сабота), односно неколку дена пред дочекот на Новата 2015-та година.

Таа на скопскиот концерт за прв пат пред македонската публика ќе го претстави нејзиниот нов албум “Позив”. И освен веќе добро познатите нејзини песни, публиката ќе може да ужива и во нејзините нови и досега неизведени композиции пред македонската публика. Скопскиот концерт е дел од европската турнеја која Цеца веќе долго време ја планира. А освен кај нас, таа свој концерт ќе одржи и во соседна Бугарија, како и во останатите земји од регионот.

Ceca_naredni koncerti_muzika24.mkДоколку сакате да уживате во “Име и презиме”, “Позив”, “Турбулентно”, “Да раскинем са њом”, “Горе од љубави”, “Кукавица”, “Пиле”, “Мртво море”… и предновогодишно заедно со друштвото, саканата личност… 27-ми декември е токму денот кога вреди да се биде во Скопје и да се биде дел од големиот концерт на Цеца.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: