Успешно заврши првиот македонски младински музички фестивал “Cover Fest”. Настапија сите четиринаесет учесници и сите изгледаа прекрасно и секако одлично ја отпеаа својата песна. Наградите беа доделени на најуспешните, најдобрите учесници а тие се следниве:
- 3-то место од публика – Михаела Пееска со освоен 41 поен
- 3-то место од жири – Озген Сулејманоски
- 2-ро место од публика – Марио Ангелески со освоени 50 поени
- 2-ро место од жири – Теодора Зероска
- и 1-во освоено место од публика и жири – Ангела Ѓурчиноска – победник на фестивалот со 155 освоени поени.
Победничката Ангела и второ пласираната Теодора ќе снимаат авторска песна додека на Ангела и се следува и една преработка (кавер верзија) во “R music studio”, а останатите тројца ќе снимаат преработка (кавер) на некоја песна исто така во “R music studio”. Како добитници за афирмација на музички вредности му беше доделена на прилепската група “The Hоunds”.
Голема благодарност до сите спонзори кои помогнаа за фестивалот да изгледа онака како што теба да изгледа еден голем музички фестивал. И секако најголема благодарност до најдобрата прилепска организација “Creativy” асоцијација за млади уметници.
Во продолжение, Ви предлагаме да го погледнете спотот за заедничката песна на сите учесници “We are the world”.
За Музика24 од Прилеп: Маринела Каранфилоска
