24 Ексклузивно

Ексклузивно: Следниот викенд Прилеп ќе добие милион долари?!

Откако завршија неуспешно преговорите за веќе завршениот “Пиво фест”, Прилеп конечно викендов ќе добие милион долари. Мала шега… Таа пее: “Милион долара сва врата отвора…”, а за сите Вас на 23-ти август ќе бидат отворени вратите во клубот Калипсо во Прилеп кога и ќе гостува девојката која веруваме сите нестрпливо ја очекуваат, а претпоставуваме дека веќе знаете, познатата и многу озборувана Ана Николиќ доаѓа во Прилеп.

Ana NikolicЗа тоа колку чини влезницата, дали ќе може да се сликате, кога, како… секако ќе Ве информираме во текот на следните денови, а дотогаш, имате време да си ги повторите подзаборавените хитови кои таа ги пее, да не Ве подсетуваме 🙂

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: