Популарната американската поп пејачка Кристина Агилера синоќа се породи и на свет ја донесе својата ќерка. Гордите родители не сакаа да и го откријат името, пренесуваат странските медиуми. На пејачката ова и е второ дете, а прво заедничко со нејзиниот свршеник, Мет Рутлер. Двојката се сврши во февруари, а неколку дена подоцна откри дека очекуваат дете.
Подготви: Кристина Секуловска
