Специјализираниот македонски музички портал Музика24 дознава дека ќерката на далеку познатиот и легендарен пејач Никола Бадев, Сузана во чест на својот татко, сними ЦД кое што го објави неодамна насловено: “Сеќавања… на мојот татко”. Албумот со 11 песни кои на времето ги пеел и Бадев, се изведени со оркестарот на Тодор Трајчевски, кој е и аранжер на истите. Со вокална изведба се појавува и нашиот познат фолк пејач Мишко Крстевски.
На албумот се снимени следните нумери: “Ах, мори Маро девојче”, “Моме оди на вода”, “Не стој моме, не стој душо”, “Развивај горо”, “Садила Јана леле”, “Сношти дојдов, еј мори Маре”, “Праша ли Тинке мајка ти”, “Мајка на Марика думаше”, “Ајде дали знаеш, паметиш Милице”, “Кажи Јано, кажи душо”, “Кинисала Роса у планина”… Ќерката на познатиот легендарен пејач Сузана и нејзиниот сопруг беа посебно емотивни на промоцијата. А дека традицијата продолжува, доказ се и нивните внуци кои свират на повеќе инструменти.
Подготви: Иван Јосимовски
