Познатата светска поп дива Мараја Кери повторно ја разбрани машката популација откако објави фотографија во секси бикини каде се фотографираше за познатиот магазин “Wonderland”. Целта на оваа жешка фотосесија беше да се прикаже привлечната страна на поп дивата со што би се истакнале главните атрибути од нејзиното тело. Нормално е дека секој би завидел на оваа убавина, па затоа не е ни случајно што Мараја Кери ќе ја краси насловната страна на овој реномиран магазин.
“Уживајте во она што следува”, напиша под фотографијата Мараја Кери посочувајќи на извонредното сексипилно издание. Сепак ова е доказ дека не се битни годините колку што е битна негата за своето тело и здравје.
Подготви: Редакција Музика24
