Во прв ред

Куманово домаќин на првиот фестивал на македонски DJ-и

На 29-ти март сабота во Куманово, во ноќниот клуб “Лолипоп” ќе се оддржи првиот фестивал на македонски DJ-и. Како што велат организаторите, забавата ќе започне точно на полноќ, а истата ќе трае до 5 часот наутро. На првиот фестивал на македонски DJ-и најавени се многу DJ-и, меѓу кои ќе ги споменеме: DJ Petrush со r’nb и хип-хоп, DJ Ike со сет од комерцијален хаус, DJ Nennat Omen со теч-хаус, DJ Buli со бластер-битс и DJ Sasha Waks со електрохаус.

Влезниците се по симболична цена од 100 денари и истите може да ги набавите на билетарницата на клубот. Освен ова прво издание на фестивал од ваков тип, наскоро се во најава уште неколку настани со познати DJ.

Подготви: Марија Каревска

Можеби ќе ве интересира: