Covers

24 Covers: Трајче Ѓеоргиев – “When i was your man” (Bruno Mars)

Можеби некогаш сте ја слушнале познатата “When i was your man” од Бруно Марс.  Токму од оваа песна, денес во редакцијата на Специјализираниот македонски музички портал пристигна ковер кој ние Ви го презентираме и претставуваме. Осмоодделенецот Трајче Ѓоргиев од Струмица е навидум мирен и скромен ученик и секако сето она што е карактеристично за неговата возраст, е дел од неговото интересирање. Но, освен што е посветен на учењето, фудбалот, членувањата во разни училишни секции… младиот Трајче, има одличен талент, а тоа е музичкиот талент.

Одлично пее и за неговата возраст кога некој би слушал, а незнаејќи за кој станува збор, би рекол дека е некое момче од средно музичко училиште или нешто слично. Секако, неговата музичка надоградба и образование следува. Видеото е снимено во Хотелот “Вила” во Струмица од страна на нашите колеги од струмичкиот портал Strumica denes, а како звучи и како пее младиот Трајче, слушнете во продолжение.

http://youtu.be/bFLBkSN9qLk

Подготви: Маргарита Робевска

Можеби ќе ве интересира: