Имам нешто да те прашам

Браво Бенд: Во Струмица се чувствуваме како дома

Во полн состав и со полна пареа забавата и викендот го започнуваме со еден од најдобрите македонски бендови. Забавата која се подготвува во петок во “Селект” очекувано ќе го задржи вашето расположение дури до недела. Позитивните дечки од Браво Бенд и овој петок по којзнае кој пат ќе гостуваат на вашиот омилен подиум во “Селект: Забава загарантирана, веќе почувствувана и забава која се разбира не смееме да си дозволиме да ја пропуштиме. Во пресрет на нивното доаѓање во Струмица ние разговаравме со нив за она што е најново на нивниот репертоар како и за очекувањата од утрешното гостување.

Не настапувате за првпат во Струмица, сигурно веќе имате одредени очекувања за атмосферата во “Селект” и воопшто забавите што ги правите меѓу струмичани?

Bravo Bend: Мораме да кажеме дека во Струмица се чувствуваме како дома, а веќе и престанавме да броиме колку настапи сме имале до сега, зашто тоа е голема бројка што за период од 10 години најдобро може да ви ја потврди струмичката публика. Сметаме дека Браво Бенд е синоним за добра забава од градските муабети, што дополнително не спојува со градот кој е прираснат од агендата на наште настапи. Што се однесува до атмосферата во “Селект” имаме само пофалби на нивна сметка, а несомнено е дека тоа е дискотеката каде се случува најдобрата забава во Струмица. Како сопствениците, така и луѓето што доаѓаат таму се гостопримливи, позитивни, друштвени или едноставно топли кон нас, а тоа ни дава поттик за работа и чувствуваме одговорност да возвратиме во иста мера со тоа што ќе им приредиме најдобра жива свирка.

Bravo BendПродолживте ли со пријателството со нашиот сограѓанин Жика кој неодамна излезе од бендот?

Bravo Bend: Пријателството со Живко секако дека продолжува, а и немаше зошто да застане. Браво Бенд веќе има нов басист, а тоа е Кире Денов од Штип, дипломиран и искусен музичар кој одлично се снаоѓа како отсекогаш да бил дел од нас.

Ќе биде ли дел од вашата забава во петок?

Bravo Bend: Тоа останува на негова волја, за нас секогаш е добредојден 🙂

Каде најчесто може да ги видиме Браво Бенд периодов?

Bravo Bend: Браво Бенд е насекаде низ клубовите во Македонија, а освен во клубови и дискотеки активно имаме ангажмани на свадби. Пред нас е еден турбoлентен свадбен период за кој секако се подготвуваме. Кога сме кај свадбите мораме да го споменеме и нашиот саксафонист Јане Рафајловски со чие музицирање секоја свадба кулминира.

Bravo BendДали подготовувате нешто ново перидов, албум, настап на некој фестивал или слично?

Bravo Bend: Тоа што периодов не нема по медиумите не значи дека сме престанале со работа. Тоа отсуство се должи на тоа што снимаме нови песни, а наскоро во план ни е да издадеме и двд, но затоа потоа и ќе бидете навреме известени за се што подготвиле Браво Бенд.

Каква журка ветувате за сите оние кои во петок ќе дојдат во “Селект”?

Bravo Bend: Зарем треба многу да се каже, Струмичани веќе знаат, но имаме и нови песни од репертоарот на кои сме сигурни дека сите ќе се веселат и уживаат пред се.

Интервјуто е превземено од strumicadenes.mk

Можеби ќе ве интересира: