Дискографската куќа Епик Рекордс објави дека во текот на месецот мај ќе биде постхумно објавен новиот албум на Мајкл Џексон. Албумот кој ќе содржи осум песни, пред се избрани од продуцентот Ел Еј Рид кој всушност е и претседател на продуценската куќа, ќе го носи насловот ” Xscape”.
“Мајкл зад себе остави неколку музички изведби, кои со голема гордост ги претставуваме со посредство на продуцентите, со кои директно работел или сакал да работи”, изјавил Рид. Изданието кое ќе може да се порача веќе од денеска, ќе содржи оргинални верзии на сите осим ремиксани песни.
Подготви: Магдалена Атанасовска
