Веќе пишувавме за спектакуларниот солистички концерт на Нина Бадриќ, познатата хрватска пејачка, но истиот поради технички причини наместо во арената “Борис Трајковски”, ќе се оддржи во Универзална сала и тоа наместо на 5-ти, истиот се поместува за 8-ми април. Како што не информираше организаторот, се останува исто, концертот започнува во 20.30, а како специјален гостин и натаму останува Даниел Дан.
Билетите се веќе пуштени во продажба и истите можете да ги набавите во сите музички продавници низ земјата, а и преку продажната мрежа на “Купи карти за се”, како и on line преку www.kupikartizase.com.
Доколку сакате да имате незаборавна вечер, исполнета со емоции, одлични песни, вокал… Ви предлагаме да бидете дел од концертот на Нина Бадриќ. Специјализираниот македонски музички портал Музика24 е медиумски покровител на концертот.
Подготви: Магдалена Атанасовска
