Победникот на големото балканско тв шоу “X Factor Adria”, Даниел Кајмакоски денеска попладне пристигна во своето родно Мислешево. Голем број на фанови и обожаватели го пречекаа со големи овации, прегратки и љубов. Освен нив, тука беа и неговите сограѓани, роднини и пријатели кои му посакаа топло добредојде. А тој пак, секому сакаше да подари автограм, фотографија или пак прегратка.
Претходна објава
Следна објава


