Во прв ред

Дуо Фламинго новиот бенд во емисијата “Фаци”

Една од најгледаните емисии во Македонија која нуди голем избор на трачеви, но и квалитетна музика наскоро започнува со емитување која ветува многу со ново руво на Канал 5 телевизија. Досега видовме многу бендови и пејачи кој ги пратеја во текот на целата сезона, а она што е најново од продукцијата е новиот дуо состав “Фламинго” кој се добро познати во јавноста по нивните настапи низ целата Македонија каде пред извесен период беа пратечки бенд на познатиот поп пејач и учесник од регионалното шоу “X Factor” – Петај Јојиќ-Перчола.

Веруваме дека со ова ве заинтересиравме да останете во недела пред малите екрани и да дознаете што ќе се случува во емисијата “Фаци”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: