Во прв ред

На 30-ти мај започнува 13-то издание на “OFF Fest”

Познатиот македонски, а сепак светски музички фестивал “OFF Fest 2014”, како што дознава специјализираниот македонски музички портал Музика24, ќе се одржи од 30-ти мај до 5-ти јуни. Оваа година, овој фестивал ќе се одржува на неколку простори каде гостите ќе имаат можност да се претстават пред македонската публика. Организаторите, според програмата која што е објавена на обновениот официјален веб на фестивалот, се гледа дека оваа година се потрудиле програмата да ја доведат до совршенство.

Во продолжение, Ви ја претставуваме официјалната програма за 13-то издание на музичкиот фестивал “OFF Fest”:

  • 30-ти мај – Felix Lajko & Antal Brasnyó, Унгарија, место: МКЦ – Кино Фросина, почеток: 21 часот
  • 1-ви јуни – Foltin & Guests, Македонија и Mulatu Astatke, Етиопија, место: Универзална сала, почеток: 20 часот
  • 3-ти јуни – Jupiter & Okwess International, Конго, место: Станица 26, почеток: 22 часот
  • 4-ти јуни – Geomungo Factory, Северна Кореја и Zoran Predin & Damir Kukuruzovic Django Group, Словенија/Хрватска, место: Македонска Опера и Балет, почеток: 20 часот и
  • 5-ти јуни – Las Migas, Шпанија и Carminho, Португалија, место: Македонска Опера и Балет, почеток: 20 часот

Доколку Ви се допадна програмата за овогодинешното издание на фестивалот, а веруваме дека тоа е така, тогаш останува да бидете трпеливи и да започне и официјалната продажба на билети кои ќе можете да ги набавите.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: