Македонската продуцанска куќа “Иноватива” чии ексклузивци сега за сега се Слаткаристика, Тајзи, Future INC и DJ Андреј Ѓошев, се збогати за уште едно познато музичко име. Овој пат станува збор за Павле Бошковиќ или на балканската публика уште попознат како Газда Паја. Познатиот српски артист, македонската публика го запозна преку неговите неколку хита кои изминатиот период на големо се пуштаа низ македонските клубови и дискотеки, а станува збор за “Чке Београдске”, “Мрдај ту ствар”, “Дај ми вина да се напијем”…
Од продуцентската куќа велат дека тие во идниот период ќе го застапуваат Газда Паја на територијата на Македонија, а со самото тоа, многу често ќе имаме можност да го гледаме по македонските телевизии, клубови, дискотеки, забави и сл.
Подготви: Магдалена Атанасовска
