Младото момче со најубава насмевка, како што секогаш знаеше да го најави неговата менторка Емина Јаховиќ, на далеку посакуваниот, убав и секогаш позитивен Алекса Перовиќ доцна вечерва ќе пристигне во Скопје. Како што веќе пишувавме, тој викендов за прв пат ќе се претстави пред македонската публика, односно, свој настап утре вечер ќе има во клубот “Масива” во Гостивар, а веќе следниот ден, во сабота ќе се претстави пред скопската публика во клубот “Ла Лара”.
Дознаваме дека младиот пејач ќе биде сместен во хотелот “Калонис” во Скопје, а неговите обожавателки и фанови ќе можат да го видат, да се дружат, да се фотографираат и добијат автограм во ресторанот Дион во Скопје. Пред час – час и половина, Алекса на својот Фесбук профил објави фотографија каде што заедно со својот пријател објави статус дека патува кон Скопје. Ние од Музика24 му посакуваме среќен пат и секако се гледаме тука на наш терен.
Подготви: Андреа Андреевиќ
