Следниот викенд македонците во областа Кантон ќе доживеат вистинско Р&Б шоу со настапот на членовите од ДНК, Панчо и Андреј. Клубот Сан Тропез во Герланфинген ќе биде местото на случување на журката, во сабота на 3-ти мај, која што обожавателите на ДНК во Швајцарија ја очекуваат веќе подолг период.
“Драго ни е што нашата музика се слуша и во Швајцарија, па со особено задоволство ја прифативме поканата да се забавуваме заедно со тамошната публика и да и приредиме забава за паметење”, изјавуваат Панчо и Андреј. Најголемите хитови од албумите “Срце” и “Кажано е се”, како што се: “Што сака нека биде”, “Авион”, “Опуштено”, “Срце”, “Од утро до мрак”, “Полна месечина”, “Пази се од мене”… ќе бидат дел од репертоарот што ДНК ќе го изведат во Герланфинген. Вечерта, на 3-ти мај, освен ДНК, публиката во клубот Сан Тропез ќе ја забавува и Симона Попоска.
Подготви: Магдалена Атанасовска
