Балканленд

Македонската евровизиска делегација пристигна во Копенхаген (Фото)

Македонската евровизиска делгација која што оваа година ќе не претставува на Евровизија 2014 веќе се наоѓа во Копенхаген, Данска. Освен нашата претставничка Тијана Дапчевиќ, во македонската делегација вклучени се: Тамара Тодевска (нејзината сестра), Димитар Андоновски, Пере – Нокаут, Дарко Димитров… и уште многу членови кои имаат зад себе големо евровизиско искуство.

На овогодинешното 59-то издание на овој најпознат и најгледан евровизиски музички спектакл, Македонија ќе се претстави со песната “To the Sky”, на англиски јазик, а истата е дело на тимот Дарко Димитров, Лазар Цветковски и Елена Ристеска – Ивановска. Тијана на сцената ќе се појави на втората полуфинална вечер, односно, на 8-ми мај како 11-та, а колку за потсетување Евровизија оваа година ќе започне на 6-ти и ќе трае до 10-мај.

Tijana_TamaraСе надеваме дека настапот на нашата македонска претставничка заедно со придружните вокали кои истовремено ќе изведуваат однапред смислена кореографија, ќе ни овозможи да се најдеме оваа година во големото евровизиско финале.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: