Како што пишуваат светските музички медиуми, познатиот поп пејач Роби Вилијамс кој има 40 години со својата сопруга го очекува второто дете.
“Ајда и јас сме пресреќни што можеме да објавиме дека Теодора Роус Вилијамс ќе биде голема сестра”, напиша пресреќниот Роби. Како што вели самиот тој, неговата сопруга во целост го промени на подобро, а успешно се снаоѓа и во улогата на татко. Инаку поп пејачот со својата сопруга се венчаше во август 2010-та, а две години подоцна им се роди првото дете, на која поп пејачот ја посвети песната “Go Gentle”.
Подготви: Магдалена Атанасовска
