Во прв ред

Вечерва во МКЦ – 23 години од постоењето на 103-ка

Вечерва во Младинскиот културен центар во Скопје, по повод својот 23-ти роденден, музичкото радио 103-ка организира целовечерна забава и дружење во чест на македонската независна музичка сцена. Од 103-ка не информираат дека настаните започнуваат точно во 18 часот, а Младинскиот културен центар ќе биде вечерва премал да ги собере сите генерации кои поминале од оваа редакција и сите кои гостувале во истата.

За сите Вас, стотројкашите испланираа цела вечер забава, музика, дружење… меѓудругото, ќе има и проекција на филмови на оние некогашни стотројкаши кои на овој или оној начин подготвиле нешто со што се заблагодаруваат на ова култно радио.

“По долги 3 години, фриформ сешнот “Е’н, 2, три… 103!” кој за првпат се одржа на 20-от роденден на радиото, се враќа на местото на настанот. 23 музичари за 23 години Стотројка. Дел од сешнот ќе бидат Тејка Васиљевиќ, Владимир Настевски, Марко Ковачевиќ, Мите Димовски, Деан Змејкоски, Сеад Хаџиќ, Филип Тасевски, Ивица Димитријевиќ, Горазд Чаповски, Синиша Евтимов, Соња Димитриоска, Драган Гиновски, Теодор Бошков, Саша Павловиќ, Александар Балдазарски и многу други”, се наведува во поканата за настанот.

Во продолжение, погледнете ја кратката, но интересна филмска програма во Кино Фросина:

19:00 часот: Гето 103 (МРТВ / ФДУ, 1999), Режија: Јане Алтипармаков (времетраење: 11 мин)

19.15 часот: Ако никој не свири (Стотројка, 2010), Режија: Ѓорѓи Јаневски (времетраење: 55 минути)

20:15 часот: Од другата страна (Danse Macabre, 2012), Режија: Ивица Дукоски, Златко Гелески (времетраење: 1 минута)

20:20: 103 – Љубовно писмо до алтернативната култура (PMG Recordings, 2013), Режија: Синиша Евтимов (времетраење: 55 минути)

Подготви: Андреа Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: