Музика на кирилица

ДНК со подготовка на нов видео спот

Познатиот состав ДНК денеска на нивниот официјален фејсбук профил објавија кадри од снимањето на новиот спот кој наскоро треба да излезе во јавноста. Како што напиша Андреј, станува збор за интересен  текст кој носи наслов “Она е од Шутка” што некој од пријателите на Андреј помислија дека се работи за невкусна шега, но реалноста го кажува сосема спротивно на самата фотографија јасно се гледа дека сценариото е замислено да се снима токму во Шутка.

Тие пред недела дена беа на настап во Швајцарија во дискотеката “St.Tropez Club” заедно со вокалот Симона Попоска која ја разигра публиката до раните утрински часови.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: