Музика на кирилица

Слушнете го новиот сингл на “Тата-Мата бенд” (Аудио)

Во духот на македонскиот призвук кавал и зурла заедно со феноменалниот вокал на Гоце Пејковски пред некој ден во етер го промовираа официјално нивниот прв сингл кој носи наслов “Тата-Мата”. Оваа композиција е со наменски стил т.е го наговестуваат периодот на свадбарските денови што доста добро е усогласена со искусни членови од бендот како Дуле Божиновски (хармоника), Гоце Димовски (кавал, зурла итн), Нико Сребров (клавијатури), Гоце Узунски (тапани) и Горан Гешовски (басс гитара).

“Се надеваме дека ќе им се допадне песната на нашата публика, воедно ова е исто најава за она што следува во иднина”, изјави Гоце Пејковски. Во продолжение уживајте во новата композиција на “Тата-Мата бенд”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: