Музика на кирилица

“Борба со емоции” нов хип-хоп проект на младите битолчани

Песната “Борба со емоции” е најновиот производ од куќата на “С.В. Продукција”. Како изведувачи и текстописци се појавуваат Бобан, Јове (Поетика) и Кичо (Стиховно Војување), а додека за инструменталниот дел се погрижи Дејан Трајчевски (Поетика), кој исто така песната ја зеде под негова продукциска закрила. Оваа песна може да се каже дека е најавување на новиот видео запис на Стиховно Војување кој треба да ја здогледа светлината на денот во средината на летниот период, односно крајот на месец јули.

Единствено што може засега да се открие е дека новиот спот на Стиховно Војување ќе биде со летна содржина, а за деталите публиката ќе се запознае кога и самиот спот ќе биде промовиран. Исто така и Бобан и Поетика најавуваат свои проекти од кои дел од нив треба да бидат реализирани и промовирани во текот на летото.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: