Организаторите на “Макфест”, чие 29-то издание ќе се одржи од 5-ти до 7-ми јуни во Штип, ги претставија новините поврзани со фестивалот и го извршија ждребувањето за редоследот на песните за двете полуфинални вечери. Годинава на “Макфест” ќе бидат изведени 30 композиции, по 15 во двете полуфинални вечери. Големите награди, во вредност од 20.000, 15.000 и 10.000 илјади евра за трите места го вратија и интересот кај македонските изведувачи, кои изминатите години од одредени причини не настапуваа на фестивалот.
Оваа година ќе ги видиме Нокаут, Александар Белов, Викторија Лоба, Биба Додева, Тамара Тодевска, Александар Тарабунов, Дарко Илиевски, Влатко Илиевски, Маја Вукичевиќ, Лидија Кочовска, Сара Мејс и други. Од композиторски аспект, на фестивалот ќе бидат присутни речиси сите познати творци на забавна музика. Покровителите на годинешниот “Макфест” се Министерството за култура, кое издвои 7 милиони денари и општина Штип, околу 3 милиони денари.
Подготви: Редакција Музика24
