Како што ветија од тимот на Здравко Чолиќ тоа и го исполнија, пред случувањето на големиот настан во салата “Борис Трајковски” познатиот балкански изведувач Здравко Чолиќ вчера во просториите на T-Mobile го промовираше својот спот за синглот “Ватра и Барут”. Целта на ова сценарио кој е во режија на Бане Поповиќ или поточно на Томато Продукција е промовирање на македонската убавина која ја има и е една од автентичните и препознатливи со локациите Скопје и Охрид каде во главна улога се појавува познатиот топ модел Наталија Грубовиќ во друштво со виртуозот на гитарата Влатко Стефановски.
А како изгледа финалниот производ погледнете и уживајте на следниот линк: “Ватра и Барут”.
Подготви: Редакција Музика24
