Балканленд

Додека Јоксимовиќ е во Париз, Јована се забавува

Српските медиуми пишуваат дека додека познатиот пејач и композитор Жељко Јоксимовиќ е во Париз, неговата сопруга Јована која се породи пред речиси пред два месеци, заедно со своите пријатели се забавувала на отворање на нов клуб во центарот на Белград каде Тони Цетински ја забавувал присутната публика. Додека Жељко е надвор од Србија, а Јована на забава со своите пријателки, малиот Коста го чувала баба му.

Српските медиуми уште истакнуваат дека Јована за цела вечер пиела шампањ и дека по она што го виделе, Јована не заборавила да се забавува. На забавата на ново отворениот белградски клуб која била од хуманитарен карактер, освен Јована, се појавиле и фолк пејачот Дарко Лазиќ, пејачката Ана Севиќ, поп пејачката Ана Бебиќ, маникенката Николина Пишек и други.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: