Песни, цртежи и проза на познатиот Џон Ленон направени во периодот од 1964-та до 1965-та година, следната недела ќе бидат понудени на аукција во Њујорк. Британскиот издавач Том Машлер, во чија сопственост се наоѓале цртежите и песните околу половина век, одлучил да ја продаде колекцијата на аукција. Аукциската куќа “Sotheby’s” соопшти дека станува збор за најголемата приватна колекција на дела на Ленон која се појавила на пазарот. Меѓу најинтересните предмети е цртежот на момче со шест птици која се појавила во книгата “In His Own Writing”.
Цртежот се очекува да достигне цена од 12 до 15 илјади фунти. Цртежот е искористен и 30 години подоцна во песната “Free as Bird”, која Ленон ја напиша во 1977 година. На следниот линк може да се погледнете сите дела што ќе се најдат на аукцијата во Њујорк: Аукција на песни, цртежи и проза на Џон Ленон.
Подготви: Синиша Новевски
