Балканленд

Започна Фестивалот за забавни мелодии “Макфест” (Фото)

Со препознатливата макфестовска химна и појавувањето на лото девојката, односно, новата водителка на овогодинешното макфестовско издание Маријана Станојковска, започна 29-то издание на Фестивалот на забавни мелодии “Макфест”. Рака на срце, сцената оваа година е далеку од одлична, истата изгледа светски, професионална и перфектно осмислена.

Чест прв да настапи и да ја означи за отворена првата полуфинална вечер имаше познатиот македонски поп пејач Јоце Панов со песната “Само немој да молчиш”, кој по шест години пауза повторно се враќа со настап на македонски фестивал. Веднаш по него настапија Александар Белов “Дојди ми ти”, а Емил Арсов ја отпеа емотивната балада “Сите знаат”.

MakfestМногумина овогодинешното издание на “Макфест” го споредуваат со Скопскиот фестивал, знаејќи дека токму на овој фестивал изведувачите ги прати оркестар во позадина. Досега таква практика немало со “Макфест”, но како велат старите, за се има прв пат.

Кои песни остануваат до крајот на ова вечерно издание на првата полуфинална вечер од “Макфест”, погледнете во продолжение. Фестивалот директно на својот прв канал го пренесува Македонската телевизија. Уживајте, Специјализираниот македонски музички фестивал оваа вечер ќе Ве известува за се она што се случува со овогодишното издание на овој голем македонски фестивал.

MakfestПодготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: