World Music

Tom Jones со концерт во Белград

Пејач со единствен глас и непресушна енергија, шармерот кој им се спротивставува на годините, Том Џонс, настапува во Комбанк Арената на 15-ти јуни. Во 2009-та година, на својот прв настап во Арената, ја разигра публиката со своите хитови од неговата полувековна кариера. Том Џонс покажа дека и на 69 години може да се има силен глас и младешка енергија. Тој и понатака со истиот шарм продолжува да ја освојува публиката.

“И покрај тоа што е на прагот на својата осма деценија, тој излезе пред публиката полн со енергија, веселост и спремност за лудување во текот на целата вечер”, известуваат гостите на неговиот концерт. На самиот крај на концертот, изјавил:

“Белград, се гледаме повторно”, и го исполни своето ветување. Господин Том е вистинска жива легенда. На своите концерти, на прво место секогаш му е енергијата на песната и енергијата на гласот. Критичарите насекаде низ светот се едногласни во однос на неговите снимени дела и живи настапи. Се занимава со сите форми на популарната музика, и иако е познат по неговите хитови, меѓу кои се: “Kiss”, “If I only knew”, тој е првенствено рокер.

Во своето родно место, Велс, тој е познат како најсаканата личност во музичката индустрија. Воедно самиот настан ќе е организиран од Македонија од туристичката агенција Papilon agency.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: