Официјално заврши гласањето на првата полуфинална вечер од Фестивалот за забавни мелодии “Макфест”. Додека публиката присутна во Домот на културата во Штип и гледачите на МРТ ги забавува Драган Мијалковски со своите на далеку познати хитови, жирито ги пребројува гласовите.
Оваа година освен присутната публика како досега, гледачите имаа можност да гласаат преку телеволтинг. Кој ќе влезе во големото саботно финале на 29-то издание на Фестивалот за забавни мелодии… ќе дознаеме наскоро.
Подготви: Магдалена Атанасовска
