Балканленд

Познати финалистите од втората полуфинална вечер од “Макфест” (Фото)

Вчера вечер во домот на културата во Штип се одржа и втората полуфинална вечер од 29-то издание на Фестивалот за забавни мелодии “Макфест”. Од оваа полуфинална вечер, во денешното финале продолжуваат: Мартинијан Кириловски, Биба Додева, Елвир Мекиќ, Наташа Малинова, Тамара Тодевска, Влатко Илиевски, Горан Наумов, Миле Кузмановски и Кристијан Мицев.

Како специјален гостин во ревијалниот дел за време на гласањето, пред штипската публика се појави победникот на првото најгледнано регионално тв шоу “X Factor” Даниел Кајмакоски, кој пееше во живо, а во позадина на пијано го придружуваше Роберт Билбилов. Во продолжение, погледнете ја нашата фото-галерија од вчерашната макфестовска вечер.

Makfest 2014_Biba Dodeva Makfest 2014_Tamara Todevska Makfest 2014_Mile Kuzanovski Makfest 2014_Martinijan Kirilovski Makfest 2014_Elvir Mekic Makfest 2014_Daniel KajmakoskiПодготви: Магдалена Атанасовска

Фото: Анастасија Стаменова

Можеби ќе ве интересира: