Познатата балканска пејачка Ана Николиќ за која што неодамна Специјализираниот македонски музички портал Музика24 пишуваше дека ќе настапи на овогодинешниот Пивофест, на социјалната мрежа Инстаграм објавила своја фотографија и споредбена фотографија од светски познатата Ријана во слични фустани.
Неодамна пејачката од Барбадос на доделувањето на наградата Модна икона 2014 се појавила во проѕирен фустан без прслук. За разлика од неа, Ана под проѕирниот фустан носи црна долна облека. “Да се знае кој прв го носел”, напишала Николиќ под фотографијата.
Подготви: Елена Ивановска
