Кети Пери на нејзината турнеја “The Prismatic World Tour” ќе настапува во Виена, Австрија во Wiener Stadthalle Halle D The Prismatic World Tour на 26-ти февруари 2015 во 19:30 часот. Кетрин Елизабет Хадсон е родена 25 октомври 1984 или попозната како Кети Пери е американска пејачка и текстописец. Родена и израсната во Санта Барбара, Калифорнија во религиозно семејство и слушала религиозна музика. По завршувањето на нејзиното средно училиште, таа ја започната својата музичка кариера.
Откако потпишала со Capitol Music Group во 2007, нејзината четврта издавачка куќа за седум години, таа го присвоила името Кети Пери и го издала својот прв интернет сингл „Ur So Gay“ во номеври, кој привлекол внимание на публиката, но не се искачил на топ листите. Таа ја зголемила својата слава со издавањето на нејзиниот втор сингл “I Kissed a Girl” во 2008, кој се искачил меѓу првите места на интернационалните топ листи. Првиот студиски албум на Кети Пери, “One of the Boys” следел подоцна истата година и последователно станал триесет и третиот најдобро продаван албум ширум светот во 2008 година.
Нејзиниот следен студиски албум “Teenage Dream” бил издаден во август, 2010 година и се искачил на првото место на Билборд 200 табелата. Албумот ги вклучувал хит-сингловите “California Gurls”, “Teenage Dream”, “Firework” и “E.T.” и сите се искачиле на табелите на Билборд Хот 100.
Пери се појавила како гостин од судиите на седмата сезона од британското телевизиско шоу “The X Factor”, издала парфем наречен “Purr” и ќе се појави на филмот од 2011 Штрумфови. Пери имала долга врска со Трави Меккој, а се омажи со Расел Бранд на 23 октомври, 2010. Сите заинтересирани за овој концерт може да си резервираат и да си купат билет преку eventim.rs. Во прилог може да го погледнете видео спотот за нејзиниот последен сингл “Birthday”.
Подготви: Ангела Трајковска
