Специјализираниот македонски музички портал Музика24 дознава дека на 2-ри август на ден Илинден во Охрид, на Билјанини Извори свој концерт ќе има мега популарната, најпосакувана и најбарана балканска фолк дива Светлана Цеца Ражњатовиќ. Оваа информација сеуште не е потврдена, но како што неофицијално дознаваме организаторите на големо се подготвуваат за мега популарниот концерт во Охрид.
По се изгледа, дека по “Пивофест” и концертите кои таа ги имаше во спортската арена “Борис Трајковски”, македонската публика повторно ќе се забавува со нејзините старо-нови хитови, како и песните од нејзиниот најнов албум “Позив”.
Подготви: Ангела Трајковска
