Како што веќе пишувавме, вечерва на градскиот плоштад во Гостивар се одржува првиот мултиетнички музички фестивал “Gostivar Future Music Festival”. На фестивалот настапуваат македонски и албански познати музички имиња кои се од Гостивар или имаат потекло одтаму. Целата на истиот е покрај искусните пејачи, да се промовираат и новите музички имиња од овој град.
На сцената имаа можност да ги видат: Ники Велјановски, Миа Морина, Шадан Баки, Перо Пандиловски, Елизабета Јовановска, Арта Мемеди, Ебрар Мажар, Јордан Ивановски и други. А освен своите песни, на крајот од музичкиот фестивал сите заедно ќе испеат песна на македонска, албански и турски. Музика24 за миг ви ја доловува адмосферата од гостиварскиот плоштад.

