Балканленд

Преслушајте дел од новата песна на Дино Мерлин (Видео)

Познатиот балкански поп пејач Дино Мерлин ексклузивно во понеделник на српското национално радио – Радио С во текот на утринската програма ќе ја промовира својата најнова песна “Школка” која што е со летен ритам токму за овој период од годината, и со која што воедно ќе го најави неговиот нов студиски албум “Хотел Национал”. Тој за оваа нумера сними и видео спот кој што е реализиран како стрип нешто слично на цртаниот филм со момчето кое е во потрага по нова авантура ТинТин.

Новиот албум во продажба ќе се најде од 20-ти јуни во сите музички продавници, а Дино за овој проект вели дека сето ова за него е вистинска продукциска авантура во која што учестуваат голем број на професионални уметници и долгогодишни соработници кои не се музичари, но без кои овој проект немаше да воопшто да се реализира.

Подготви: Марија Каревска

Можеби ќе ве интересира: