Во прв ред

Второ издание на “Eco Green Festival” во Маврово

И оваа година Маврово ќе биде домаќин на најголемиот еко фестивал во Македонија “Eco Green Festival”. Од 11-ти до 13-ти јули ќе се одржи еко фестивалот кој покрај одличната музичка понуда, ќе вклучува и низа други активности. Огранизаторите на “Eco Green Festival” со задоволство Ви ги најавуваат култните Грамофонџие како едни од главните артисти на ова второ фестивалско издание.

Во музичкиот дел ќе ги видиме и  хип хоп составот Бед Копи, План Џи (Plan G) како и Бајага со неговите Инструктори. Освен странските изведувачи, од Македонија ќе настапат групата Ареа и Гоце САФ кои ќе бидат подржани од DJ Зомакс и DJ Мац.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: