Балканленд

Ексклузивно: “Пивофест” оваа година со најголемите балкански музички имиња (Фото)

Како и секоја година, таа и оваа, по дванаесети пат во градот под Марковите кули – градот Прилеп, ќе се одржи најпознатиот балкански и долгоочекуван Фестивал на пивото “Пивофест”. Велиме долгоочекуван, бидејќи еднаш во годината се случува, но додека трае задоволството е взаемно и големо… Многу музика, скара, пиво, забава, дружење и сето тоа во четири вечери кои организаторите и оваа година се потрудија да биде незаборава и секако уште долго да зборува за истата.

Pivo festСпецијализираниот македонски музички портал Музика24 и оваа година е медиумски покровител на овој голем музичко-забавен фестивал “Пивофест”, а ексклузивно Ве информираме дека оваа година на сцената на дванесетиот Фестивал на пивото ќе настапат: Ана Николиќ, Јелена Розга, Данијел Кајмакоски, Жељко Самарџиќ, Тони Цетински, “Хладно Пиво”, Владо Јаневски, Емина Јаховиќ Сандал, Игор Џамбазов… и уште многу други познати македонски и балкански музички ѕвезди.

Оваа година “Пивофест” ќе се одржи од 17-ти до 20-ти јули, како и секоја година досега, на Градскиот плоштад во Прилеп “Марко Цепенков” пред Комерцијалната Банка. Доколку сакате одлична забава, музика, скара, пиво, дружење… тогаш вистинското место е токму Прилеп. А доколку не сте во можност да бидете дел од ова летно музичко доживување, Специјализираниот македонски музички портал Музика24, само за Вас ќе подготвува ексклузивни репортажи, прилози, интервјуа со дел од познатите пејачки имиња учесници на фестивалот, како и доловување на моменталната состојба во градот со најпознатиот пивски фестивал.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: