Светски познатата пејачка Шакира и покрај тоа што е во врска со познатиот фудбалер Жерер Пике, таа сеуште не брза својата врска да ја овековечи и да премине во нешто посериозно. Според неа, и доколку влезат тие во брак, нивната врска нема да се промени. Инаку, тие заедно се во врска од 2010-та година, а минатата година станаа родители на нивното прво дете. И покрај сево ова, Шакира не и се брза околу венчавањето.
“Ние веќе го имаме она што е најважно, нели? Имаме унија, се сакаме, имаме и дете. Сметам дека овие работи од врската ни се веќе јасни и бракот нема да ги промени односите”, рече неодамна Шакира во интервју. Таа признава дека го сака Пике, но веројатно сеуште не е подготвена за бракот. За сево ова вели:
“Ако воопшто се омажам некогаш, тоа ќе биде за него”, додава Шакира во интервјуто.
Подготви: Магдалена Атанасовска
