Музика на кирилица

Сања Лефкова рипна во “тавче” (Фото)

Изминатиот петок поп пејачката Сања Лефкова го кажа судбоносното “ДА”. Таа својата долга врска ја круниса со момчето Мики кое што е всушност скопски угостител. Во еден скопски ресторан се одржа целата прослава, а како гости, освен роднините и семејството, се најдоа и познати имиња од македонската музичка сцена кои само придонесоа расположението да биде уште поголемо.

Sanja LefkovaСвадбата ја отвори ќерката на легендарниот Наум Петревски која всушност е и старосватица на Сања. Ние од музичкиот портал Музика24 и посакуваме многу среќа, здравје, љубов пред се и се разбира многу дечиња.

Подготви: Маргита Робевска

Можеби ќе ве интересира: