Не и е прв пат на пејачката Мадона да стави бурка. Таа ги шокираше следбениците на Инстаграм со слика, на која е обвиткана со крпа. Муслиманките во Иран, Авганистан, Пакистан и други земји носат бурка, која ги остава само очите на жената на виделина. Бурката на Мадона исто ја прикрива целата коса и лицето со исклучок на сините очи.
Дел од корисниците на социјалните мрежи ја поздравија пејачката за сликата, но според други фотографијата е навредлива. Минатата година Мадона предизвика расправии меѓу обожавателите бидејќи објави на Фејсбук слика, на која носеше исто така муслимански мотив.
Подготви: Влад Петров
