Балканленд

Саша Ковачевиќ снимаше спот за песната “Ноч до подне” (Фото)

По одличните концерти одржани во Прилеп и Гевгелија за кој што Музика24 веќе пишуваше, познатиот балкански поп пејач Саша Ковачевиќ замина за Грција каде заедно со својата екипа го снимаа спотот за новата песна “Ноч до подне”, за која што сите велат дека ќе биде голем летен хит. Незнаме како и на кој начин, но ова згодно и талентирано момче веројатно ја знае формулата за одлично спакуван летен хит. 17 преубави девојки беа покрај него за снимањето на спотот кое траеше четири дена. Можеме да претпоставиме како му било секој ден да биде покрај толку многу убавици.

Sasa Kovacevic_snimanje spot

Дали и овој пат Саша Ковачевиќ се капеше, исто како и во 2013-та
                                  Дали и овој пат Саша Ковачевиќ се капеше, исто како и во 2013-та

Освен Саша и девојките, во Грција престојуваше екипа од 40-на луѓе кои беа ангажирани за снимањето на видео спотот. За снимањето на видео спотот беше задолжена СК продукција, новата продукција чии сопственик е токму познатиот пејач. Додека сите со нетрпение го очекуваме видео спотот за најновата песна од Ковачевиќ, само за миг ве потсетуваме на хитот кој што откако излезе за кратко време стана хит број 1 низ Балканот, песната “Браним”.

Уживајте!

Подготви: Марија Каревска

Можеби ќе ве интересира: