На 3-ти јули битолчани ќе имаат можност и ретка привилегија да се дружат и да уживаат со песните на мега популарниот Харис Џиновиќ. Ракометното игралиште ќе биде местото каде ќе се одржи голем спектакуларниот концерт на најслушаниот глас на Балканот. Како што велат организаторите од К-Тим продукција, на овој концерт Џиновиќ ќе ги отпее своите најголеми хитови, меѓукои слободно ќе ги споменеме: “Муштулук”, “Париске капије”, “Како ми недостајеш”, “Рано је за тугу”, “Лаже мјесец”, “Дајте вина”… и уште други познати песни без кои не поминува ни една македонска прослава и забава. Концертот ќе започне во 21 часот, а ќе трае околу 2 часа.
Како што не информираат од К-Тим, во многу блиска иднина по сопствена желба на Џиновиќ ќе сними и отпее песна на македонски јазик, бидејќи како што и самиот тој вели, тоа им го должи на своите обожаватели во Македонија. Специјализираниот македонски музички портал Музика24 Ви најавува ексклузивно интервју со мега популарниот Харис Џиновиќ.
Подготви: Синиша Новевски
