Се сеќавате ли на Перчоли од ” X Factor Adria”? Токму тој, Петар Јоиќ познат како Перчоли престојуваше во Скопје. Овој млад изведувач во најгледнато регионално шоу немаше настап кога неотпеа песна од музичката легенда Здравко Чолиќ, а рака на срце и премногу потсетува на него. Тој заедно со нашиот македонски познат композитор и пејач Иле Спасов ја отпеа и сними неговата прва песна “Задња станица” со текст на Алида Дрпљанин.
“Многу ми е драго што после “X Factor Adria” имам конечно моја песна која мислам дека многу ќе ви се допадне. Иле е фантастичен композитор и едвај чекам песната да ја пуштам во српскиот етер. Песната ке ја препеам и на македонски јазик”, вели Перчоли.
Подготви: Андреа Андреевиќ
