Вчера вечер во скопското кафуле “Концепт 37”, нашата позната поп пејачка Елена Миленковска го промовираше видео спотот за новата песна “Знам”. Пред многуте присутни познатата водителка Катерина Тодевска – Спасиќ ја започна промоцијата и воедно го најави она што за цело време изминатиот период БМА продукција вредно го работеше. Видео спотот е мошне интересен со многу емоции и љубов во него, а песната е нешто што мислиме дека идниот период ќе биде голем хит во Македонија.
Освен спотот кој е дело на БМА продукција, песната ја подготвија и спакуваа вака да звучи Бертан Аслани и Тони Зен. Се надеваме и веруваме дека “Знам” ќе биде еден од Вашите фаворити ова лето.
Подготви: Марија Каревска
