Со песната од Скопскиот фестивал “Ако ме боли” нашиот поп пејач Димитар Андоновски вчера вечер победи на фестивалот “Сунчане скале” во вечерта на нови ѕвезди, односно првата вечер од овој познат балкански фестивал кој оваа година слави јубилеј 20 години од своето постоење. Исто како и на минатогодишното издание на Скопскиот фестивал кога се здоби со третото место, така и овој пат Димитар докажа дека има одлична песна.
Освен Димитар Андоновски, на сцената на “Сунчане скале” се појави и поп пејачот Александар Тарабунов кој настапи со песната “Глумила је анџела”. Вечерва на “Сунчане скале” ќе можете да ја погледнете ревијалната вечер кога на сцената ќе настапат познати музички имиња од Балканот како што се: Жељко Јоксимовиќ, Ивана Банфиќ, Гоца Тржан, Борис Новковиќ, Амадеус Бенд, Јелена Томачевиќ… и многу други. Преносот и од овогодинешното издание ќе можете да го следите на националната Алфа телевизија.
Подготви: Магдалена Атанасовска
